Novatech се спрема да објави нов преносен компјутер наменет за гејмерите, кој своите графички перформанси ќе ги должи на најсилната графичка картичка на nVidia, GeForce GTX 280M.
Intel објави дека ќе произведува двојадрени процесори за преносни и десктоп компјутери, изработени со 32nm процес, прескокнувајќи ги плановите да произведуваат слични процесори со 45nm процес.
Европските вселенски телескопи Хершел и Планк во четвртокот беа успешно лансирани со помош на ракета од типот Ариана 5 од Француска Гвиена. Европската вселенска Агенција (ESA) очекува телескопите да дадат нови значајни одговори за настанокот на Универзумот и Големата Експллозја (Биг Бенг).